САДНИЦИТЕ СЕ КАЛЕМЕНИ НА: Gisela 6, MaXMa 14, MaXMa 60 и Mahaleb


BLACK STAR®

BLACK STAR® – Големина на плод 12 гр, 28-29 mm. Самооплодувачка сорта, отпорна на пукање на плодот. Добиена со вкрстување на Lapins и Burlat. Зрее средно доцна.


CRISTALINA®

CRISTALINA® – големина на плод 10 гр, 24-28 mm. Цвета и зрее во средината на сезоната. Темноцрвена боја на плодот. Добиена со вкрстување на Star и Van. Самооплодна сорта. Отпорна на пукање на плодот. Многу родна сорта.


GRACE STAR®

GRACE STAR® – Големина на плодот 12 гр. 26-30 mm. Цвета и зрее неколку дена до 1 недела по Black Star. Одлична продуктивност. Отпорност, на распукување, транспорт и складирање.


LATE LORY®

LATE LORY® – една од најдоцните сорти на цреши. Зрее почетокот – средината на Јули. Најдоцна цвета и има голема продуктивност. Касно цвета и ги избегнува доцните мразеви.


EARLY BIGI®

EARLY BIGI® – Една од најраните сорти. Зрее пред сите, крајот на Мај. Проблем се пролетните мразеви. големина на плодот до 12 гр. Голема продуктивност.


KORDIA

KORDIA – Зрее првата половина на Јули, околу Духовден. Големина на плодот 9 гр. Потребен е опрашувач. Идеален опрашувач Regina. Голема продуктивност, доста позната сорта кај нас.


REGINA

REGINA – Зрее втората половина на Јуни. Доцна сорта, отпорна на доцни пролетни мразеви. Големина на плодот 9-10 грама. Одлична во комбинација со Kordia.


ОХРИДСКА

ОХРИДСКА – Зрее крајот на Јуни, почетокот на Јули. Отпорна на доцни пролетни мразеви поради доцното цветање. Одлично поднесува транспорт и складирање.


LAMBERT

LAMBERT – Зрее крајот на Јуни. Отпорна на доцни пролетни мразеви поради доцното цветање. Одлично поднесува транспорт и складирање. Потребен е опрашувач, најдобар избор Van.


FEROVIA

FEROVIA – Зрее првата половина на Јули, околу Духовден. Големина на плодот 8 гр. Голема продуктивност, доста позната сорта кај нас.


VAN

VAN – Една од најродните сорти. Цвета средно рано, релативно отпорна на доцни мразеви. Од сите сорти има најголема продуктивност, но и одличен опрашувач за многу други сорти. Големина на плодот 8 гр. Одлично поднесува транспорт и складирање.


LAPINS

LAPINS – Зрее првата половина на Јули, околу Духовден. Големина на плодот 8 до 10 гр. Голема продуктивност, слаба отпорност на пукање на плодот. доста позната сорта кај нас.


BURLAT

BURLAT – Една од најраните сорти. Зрее втората половина на Мај. Одлична е за топла клима, поради раното зреење. Големина на плодот 7 гр. Потребен е опрашувач, идеален Van.


По нарачка за поголеми количини достапни се и:

• Sweet Early Panaro
• New Star
• Simcoe Proba
• Liberty Bell®
• Skena®
• Late Marcia
• Early Star Panaro
• Brooks
• Celeste
• Vera
• Giorgia
• Satin Sumele®
• Sylvia
• Sonata Sumleta
• Lala Star
• Sweetheart Sumtare®
• Symphony®


Би можело да Ве интересираат и садници од:

вишнибобичасти растенија смокви